Биографија

Лице со јавни овластувања утврдени со Закон за извршување

За извршителот
Соња Антовска

Соња Антовска е родена на 23 Јануари 1988 год. во Скопје, Р.С.Македонија. Се здоби со високо образование дипломирајќи право на Правниот факултет во склоп на Универзитет ФОН – Република Македонија. Своето образование го продолжи на специјалистички и магистерски студии по правни науки на истиот факултет. Со тоа се стекна со назив Магистер на правни науки.

Својата кариера ја започна во канцеларијата на извршител Јадранка Антовска во 2011 год. како приправник, по што својата правна пракса ја продолжи како стручен соработник во истата канцеларија. По положувањето на правосудниот испит во 2016 год. Соња Антовска продолжува да работи во канцеларија на извршител Јадранка Антовска како Помошник на извршител. Во 2019 год. го положува и испитот за извршители со што ги исполнува сите законски услови предвидени  во чл.49 од ЗИ за именување на изврштел. Во ноември 2021 год. Соња е именувана од Министерот за правда за Заменик на извршител Јадранка Антовска, која функција ја врши се до престанокот на нејзината должност како Извршител поради исполнување на условите за пензија. До именувањето за Заменик на извршител, Соња Антовска исполни работен стаж од 10 години во работење на извршни работи, кој стаж продолжува и понатака со нејзиното именување за Извршител на 25.08.2022 год.

“Да се има најдобра услуга е најдобрата стратегија за успех”

Извршител Соња Антовска

Едукација

Правен факултет

Сертификати

Јавете ни се на
или
Посетете не во нашата канцеларија