Ви помагаме да потрошите помалку, а да наплатите повеќе!

Максимална ефикасност во постапувањето и скратување на времетраењето на извршувањето
ул.Железничка бр.40А-3, Скопје
+38972252208

Решенија за наплата на долгови

Дојдовте на правото место

Извршител Соња Антовска е целосно посветена на ефикасно спроведување на извршувањата кои се предмет на нејзиното работење, а преку тоа и на проширување на кругот на задоволни странки кои успеале да ги наплатат своите побарувања во најкус временски рок.

Преку почитување на начелото на праведност и со превземање на извршни дејствија кои се најповолни за должниците, вршиме успешна реализација на извршните исправи, почитувајќи го угледот и достоинството на должниците од една страна и задоволувајќи ги интересите на доверителите од друга страна.

Одговорноста, вредноста, лојалноста и посветеноста се клучните елементи кои ни помагаат да ги достигнеме нашите цели.

Нашиот тим е составен од врвни професионалци/стручнаци од својата бранша кои се спремни да достават квалитетна и брза услуга и да одговорат на сите предизвици и задачи.

Преку постојана надградба и усовршување на своите вештини, како и преку постојано следење на промените во поглед на постоечките правни прописи од областа на извршувањето и пошироко, канцеларијата на извршител Соња Антовска е способна да го најде најбрзиот и најоптималниот начин за остварување на доверителовите побарувања, а со тоа и да помогне во остварувањето на правдата на глобално ниво.

Професионални услуги од доменот на извршувањето

Зoшто да ја изберете нашата канцеларија
Знаење и стручност

Со повеќегодишното искуство во сферата на извршувањето и експертизата за наплата на долгови, можеме да ви помогнеме да ги намалите трошоците, а да ја зголемите наплатата преку целосно реализирање на извршните исправи.

Транспарентни трошоци

И покрај тоа што Тарифата за наградата и другите трошоци за работењето на извршителите е јавно објавена, спремни сме во секое време да дадеме спецификација на трошоците по барање на странките.

Подобрени процеси

Како што се развива технологијата, се зголемува и достапноста кон релевантни информации за имотната состојба на должниците, а во насока на извршувањето. Постојано сме во тек со новите електронски достигнувања со цел да се осигураме дека располагаме со сите средства кои придонесуваат кон ефикасна и брза наплата.

Прибирање податоци

Го подобруваме процесот на наплата преку прибирање на релевантни податоци за конкретен предмет, максимално искористување на податоците со кои располагаме и постојано ажурирање на податоците во поглед на финансискиот статус на должниците.

Индивидуален пристап

На секој предмет му пристапуваме со посебно внимание. Применуваме индивидуална стратегија водена од податоците кои ги имаме со цел да ги намалиме трошоците, да заштедиме на време и да ја максимизираме наплатата.

Одредување приоритети

Ја зголемуваме наплатата преку одредување на приоритети во постапувањето и формирање на правилни стратегии за наплата.

Усогласеност со законски прописи

Работиме во согласност со законските прописи и регулативи и со нивна примена ги носиме најдобрите одлуки за вас.

Јавете ни се на
или
посетете не во нашата канцеларија

Тука сме за да помогнеме нашите клиенти да успеат!

Што кажуваат нашите клиенти
Извршител кој постапува по предметите без одлагање со комплетна стручност и ажурност. Целиот труд во постапките резултира со ефикасна и брза наплата од должниците.
Адвокат Маја Лазаревиќ
Скопје
Професионалност и стручност! По предметите се постапува ажурно и врз основа на претходно утврдена стратегија за секој предмет поединечно.
Адвокат Блашка Павловска
Скопје